Huawei се искачи на светски познатата рејтинг листа на најценети брендови BrandZ

ИЗВОРСкопје24
|

Револуционерните иновации, високата продажба и посветеноста на технолошкиот развој се клучни за растот на компанијата

Huawei продолжува да ја зајакнува својата позиција како глобален лидер во технологијата, истовремено зголемувајќи ја вредноста на својот бренд. Годишната рејтинг листа BrandZ за 100-те најскапи брендови во светот, објавена од WPP, го става Huawei на 47-мо место во овогодинешното рангирање, што е за една позиција повисоко во споредба со минатогодишното рангирање, откако технолошкиот гигант ја зголеми за 8% вредноста на својот бренд. Huawei успева да најде место во Топ 50 листата четврта година по ред.

Револуционерните технолошки иновации во уредите на Huawei, како на пример камерата на P30 Pro, како и невидената технологија зад 5G смартфонот Huawei Mate X, успеаја да ги восхитат како медиумите, така и корисниците. Новите производи на компанијата беа оценувани многу високо од светските технолошки медиуми и освоија бројни награди, што логично се одрази позитивно и на продажбата.

Во својство на светски лидер во областа на бизнис анализи, IDC истакна во својот најголем неодамнешен Worldwide Mobile Device Tracker дека моментално Huawei е единствениот добавувач на смартфони кој забележува раст, регистрирајќи 50% зголемување на своите испораки на годишно ниво.

Според IDC, во моментов Huawei поседува 19% удел од глобалниот пазар на смартфони, а брендот е единствениот од лидерите во индустријата кој ги зголеми испораките во првиот квартал од 2019 година.

Успехот на Huawei е во согласност со растечкиот глобален тренд на кинески брендови за технологија. Четири од деветте нови компании се од Кина, а Топ 100 имаат вкупно 15 кинески компании.

Посветеноста на Huawei на технолошките иновации кои го прават полесен животот на корисниците, сигурно ќе го зајакне авторитетот на брендот и ќе го направи уште попривлечен за глобалната публика.

Хуманитарните проекти не се нови за Huawei. Иницијативата на компанијата „AI for Good“ има за цели да покаже како вештачката интелигенција може да биде одлучувачки фактор во потрага за подобрување на квалитетот на живот и надминување на најразличните предизвици со кои се соочува човештвото. Другите сегашни проекти на компанијата вклучуваат адаптирање на книги специјално за потребите на децата со оштетен слух, создавање посебна апликација за скенирање на изразите на лицето со цел е да им помогне на слепите лица, како и рано дијагностицирање на оштетување на видот за максимално ефикасно лекување.