Министерството за економија го објави конкурсот за издавање на потврда за одмор на работници чиишто семејни приходи не надминуваат 22.000 денари.
Според информациите наведени во конкурсот, право на учество имаат сите физички лице кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 22.000 денари.
Едно лице може да поднесе само едно барање за пријавување на интерес за користење на средства за организиран одмор, а до Министерството за економија барателите треба да достават:
– Пополнет образец за барање (готов формулар); – Потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три (3) месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство (доколку се вработени) кои заедно со него ќе го користат одморот; – Потврда од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени, доколку истите не се вработени; – Фотокопија од лична карта или патна исправа за него и членовите на потесното семејство кои заедно со него ќе го користат одморот (готов формулар); – Изјава дека барателот лично или со членовите на потесното семејство кои се наведени во барањето ќе го користат одморот (готов формулар); – Доказ за членовите на потесното семејство (издвод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од семејството); – Изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци (личните податоци и финансиските средства), потпишана од подносителот на барањето (заверена на нотар). – Барањата со комплетната документација може да се достават до 31-ви август 2019 година, потврдата за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30-ти ноември 2019 година.
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk