Невремето во скопско Волково направи проблеми – жителите молат за помош

ИЗВОРСкопје24
|

Невремето направи вистински хаос во Општина Ѓорче Петров поточно на улицата 21 во Волково.

До Сител пристигна фотографија каде улицата 21 наликува на езеро.

Жителот кој ни ja испрати фотграфијата вели дека со овој проблем се соочуваат веќе долги години, тој исто така додава дека и покрај ветувањата од градоначалникот дека улицата ќе биде асфалтирана тоа не се случило.

– Се уште сме приморани до продавница да одиме со рибарски чизми. Кога и да се пожалиме во општината, тие експресно не откачуваат, тврдејќи ни дека улицата ни е малечка и дека таму не живеат голем број жители (веројатно мислејќи на гласачи, иако тука вкупно живееме 30тина луѓе)Срамота и греота е во 21 век вака да живееме, вели жителот на Општина Ѓорче Петров.

dav

И метеорологот Славчо Попоски најави дека временските непогоди треба да ни станат навика бидејќи има опасност од поплави и во месец јули.

Многу нестабилниот летен период ќе продолжи и во новиот месец кој ќе започне за некој десетина денови односно месец јули кога очекуваме и понатаму да продолжи многу нестабилното време. Во месец јули очекуваме исто така честа појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер а исто така очекуваме и зачестени НЕВРЕМИЊА кој ќе бидат проследени со интензивни поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град кој ќе услови опасност за понатамошни нови штети врз земјоделството.

Обилните врнежи во зоната на нестабилност кој се очекуваат исто така има опасност да условат нови поплавувања а силниот ветер би можел да направи и други бројни штети.

Токму ова ни се случува поради топлотните бранови кој се очекуваат но и поради загреаната атмосфера која ќе ја имаме и истата ќебиде исполнета со голема енергија со што и ќе дојде до најавените нови невремиња во државава.

Се на се според сегашните анализи кој ние ги имаме најголем дел од овалето ќе помине во знакот на нестабилно време со зачестени невремиња, таква ситуација имавме и во изминатиов период во кој сите ние сме сведоци. Невремето кое ја зафати нашата држава изминатиот период предизвика бројни штети.