Летото е период кога сите сакаме да се разладиме со диња или лубеница, но најголемиот проблем е како да ја избереме најсочната.Еве неколку совети како да изберете сочна и блага диња:Сочната диња сјае, има силен мирис, златна боја и мрежички на неа.
Исто така, дињата, колку е потешка, толку е посочна и побогата.
Дињата има многу вода, помага за хидратација и диета на телото, а има малку шеќер, само околу 10 посто.
Бидете внимателни доколку имате чувствителен стомак бидејќи таа може да делува раздразливо.
Таа го забрзува варењето, па може да допринесе до дијареа, па ако иматепроблем со стомакот избегнувајте ја, или јадете по малку неколку пати на ден.
Вака ќе знаете дека лубеницата не е како „тиква” – Се гледа по кората
Ова се лесни начини да откриете дали лубеницата која ја купувате е блага и сочна.
Секогаш барајте да има кафена дамка или круг на дното, кој покажува дека лежела долго на земја. Ако кругот е жолт тогаш е незрела.Треба да е темно зелена боја и да нема видливи оштетувања.
Најтешките лубеници се најсочни зошто една лубеница има дури 92 посто вода.
Уживајте!