Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.
Во недела времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови.
Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер.
Славчо Попоски: Временските непогоди треба да ви станат навика, опасност од поплави и во јули месец
Многу нестабилниот летен период ќе продолжи и во новиот месец кој ќе започне за некој десетина денови односно месец јули кога очекуваме и понатаму да продолжи многу нестабилното време. Во месец јули очекуваме исто така честа појава на поројни врнежи, грмежи и засилен ветер а исто така очекуваме и зачестени НЕВРЕМИЊА кој ќе бидат проследени со интензивни поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град кој ќе услови опасност за понатамошни нови штети врз земјоделството.
Обилните врнежи во зоната на нестабилност кој се очекуваат исто така има опасност да условат нови поплавувања а силниот ветер би можел да направи и други бројни штети.
Токму ова ни се случува поради топлотните бранови кој се очекуваат но и поради загреаната атмосфера која ќе ја имаме и истата ќебиде исполнета со голема енергија со што и ќе дојде до најавените нови невремиња во државава.
Се на се според сегашните анализи кој ние ги имаме најголем дел од овалето ќе помине во знакот на нестабилно време со зачестени невремиња, таква ситуација имавме и во изминатиов период во кој сите ние сме сведоци. Невремето кое ја зафати нашата држава изминатиот период предизвика бројни штети.