Српската пејачка Александра Пријовиќ одлучи драстично да го промени имиџот.
Пред само неколку дена, снаата на Лепа Брена се појави во елегантно издание кое многумина ги остави без зборови. Александра се одлучи за елегантна тоалета со циклама боја.
Оваа нијанса одлично ѝ прилега на тенот и на бојата на косата. Оваа боја одлично им стои и на русокосите и е совршена за во лето.
Пријовиќ, се врати на естрадното небо многу брзо откако на свет го донесе својот син Александар. Таа со песната „Непоновљиво“ ја освои публиката, а сега посготви ново иненадување –синглот „Богата сиротиња“.
Александра вчеравечер во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ премиерно ја изведе оваа песна, а за таа прилика избра провокативна комбинација. Пејачката се појави во целосно транспарентен фустан во кој ја покажа витката линија.
Нејзиниот стајлинг ја заскокотка љубопитноста кај гледачите, а Прија и тоа како покажа доволно, односно се пофали дека се вратила во топ форма.