Селото се наоѓа во областа Копачка, во западниот дел на територијата на Општина Кичево, сместено во непосредна близина на градот Кичево, поради што се смета и за дел од неговата рурбална зона. Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од самиот град Кичево е оддалечено неполни пет километри.
Селото се наоѓа на ридско земјиште, местото е познато по карактеристичната природна убавина и ладовина, западно од градот Кичево. Околни села се: на југ е Другово, на север се Осој и Лешница, на запад се Јаворец и Горно Добреноец и на исток е градот Кичево.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ќерамидница, Мала Ливада, Јаорче, Рупчиња, Средни Рид, Маркулези, Аранѓел, Дрмници, Кутел, Батаноец и други.
Селото е од збиен тип. Не се дели на маала, бидејќи е мало село. Сепак, роднинските куќи се групирани.
Селото Кнежино се наоѓа во областа Горна Копачка, на 4 километри северозападно од Кичево.
Нашиот тим во соработка со одборот на селото изработивме видео разгледница од воздух, едноставно безвременски, видено се на едно место!
Село Кнежино и Кнежински манастир Св.Ѓорѓија – 08.06.2019 година.