Малку забава од Маврово: Погледнете како кафеава мечка си прави „селфи“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Програмата за закрепнување на Балканскиот Рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот Балкански Рис.

Активностите воглавно се насочени кон лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на Балканскиот Бис во југозападен Балкан.

Со помош на фотозамките во рамките на овој проект е направена една интересна фотографија од кафеава мечка, која е налик на познатото „селфи“.

Оваа фотографија е споделена на официјалната Фејсбук страна на Националниот Парк Маврово и предизвика многу реакции од љубителите на животни.

#Bears

Видео од дивиот свет во Националниот парк Маврово. Снимка од кафеава мечка направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонското Еколошко Друштво #mavrovonationalpark #makedonskoekoloskodrustvo #lynx #balkanlynx #npmavrovo @ Mavrovo National Park Macedonian Ecological Society #bears

Gepostet von Nacionalen Park Mavrovo, Mavrovo National Park am Mittwoch, 5. Juni 2019

Пред неколку дена пак, во рамки на истиот проект, беше објавено и видео од дивиот свет на Националниот парк, на кое исто така се гледа кафеава мечка.

Инаку, тимот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис од Македонско еколошко друштво заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ пред неколку месеци го обележаа рисот и до денес успешно се следи неговото движење. Се работи за млад мажјак стар околу 2 години и тежок 19 килограми.

„Откако вработени од националниот парк „Маврово“ ни јавија за плен на дива коза, се вративме на местото и рисот беше фатен со специјална замка. Рисот се врати по 6 часа а целата процедура за земање телесни мерки и крв траеше околу еден час, по што рисот беше пуштен на слобода. На овој терен имавме и помош од експерт за рис од Словенија, Миха Крофел“, изјави Диме Меловски, раководител на Програмата за закрепнување на балканскиот рис во МЕД.

Според тимот од Програмата за закрепнување на балканскиот рис интересно ќе биде доколку овој рис нема воспоставено своја територија. Во тој случај ќе може да се открие кои патишта и коридори ги користат рисовите со цел да го најдат својот дом. Од големо значење ќе биде да се следи рисот во наредните неколку месеци.

Пред помалку од еден месец МЕД и НП „Маврово“ го обележаа со ГПС околувратник досега најтешкиот рис од кога се спроведува оваа постапка во Македонија, а тоа беше рисот тежок 27 килограми којшто публиката го крсти Бистри.