Следејќи ги потребите на граѓаните за уште поголема достапност на услугите, до крајот на летото Тиго Фајнанс ќе биде уште поблиску до своите клиенти преку новите 7 филијали за жителите на Гевгелија, Неготино, Радовиш, Свети Николе, Кавадарци, Струга и Скопје – Кисела Вода, пресретнувајќи ги нивните потреби за финансиски средства кога најмногу им се потребни.
„Нашата стратегија за експанзија на нашата продажна мрежа оди паралелно со растечките потреби на граѓаните за микрокредитирање и пристап до финансиски средства на брз, ефикасен и пред сѐ поволен и транспарентен начин. Со ваквиот потег, докажуваме дека нашиот приоритет е супериорната корисничка грижа за нашите клиенти на сите расположливи канали кои тие ги преферираат, дигитални и физички. Остануваме одговорен кредитор, посветен на нашите клиенти и нивните финансиски потреби во моментите кога тоа им е
најпотребно“ – изјави Филип Димитровски, Извршен директор на Тиго Фајнанс.
Инаку, до услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk , или пак во некоја од 16-те филијали ширум земјата, каде аплицирањето е брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.
Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедуваат повисоко ниво на заштита на клиентите.