ДЕТАЛИ ОД СВАДБАТА НА ГОДИНАТА: Кон нас се однесуваа како да сме кучиња

ИЗВОРСкопје24
|

Како што известуваат дел од медиумите во Шпанија, минатонеделната свадба на Серхио Рамос и Пилар Рубио, која беше наречена и свадба на годината, имала и свои мрачни страни или срамотно детали.

Организаторот на свадбата кон персоналот се однесувал како гонич на робови. Дека имало некои работи кои биле повеќе од одвратни, потврдила една жена која мора да остане анонимна, зошто претходно потпишала договор дека ништо не смее да „процури“ во јавноста во однос на тоа што се случувало на свадбата.

„Кон нас се однесуваа како да сме кучиња. Имаше и понижувачки работи. Моравме да се соблекуваме и облекуваме заедно со машките во еден ист шатор. Не проверуваа така и навистина бевме засрамени едни од други. Минавме повеќе часови без храна и пијалок, првото јадење го добивме во 3 часот наутро и тоа она што остана од гостите“ вели анонимната жена која вели дека за тоа не се винови Серхио и Пилар, дека тие ако знаеле што се случувало за време на нивната свадба секако дека ќе реагирале.

На крај истакнала дека таа работела за 10 евра на сат.