Нашата претставничка во музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ го имаше својот финален настап, кој и овозможи влез во супер финалето. За ова претставување, Антониа Гиговска ја одбра песна од нашиот Тоше Проески.
„Тајно моја“ ечеше во студиото во Белград. Антониа овој пат се одлучи за настап без придружба на сцена. Сама застана среде сцена и испеа најдобро до сега! Публиката за време на целиот настап ја поздравуваше со аплауз, а жирито не ги штедеше пофалните зборови на сметка на Антониа.
Инаку, таа изминатиот викенд се забавуваше на свадбата на нејзиниот брат Дарко.
Младата пејачка на прославата беше придружувана од новото момче, Иван Јованов.
18-годишната музичарка носеше син краток фустан и црни сандали на високи потпетици, а пејачот Иван носеше кошула и панталони во иста боја како фустанот на Антониа.