Владимир Блажев-Панчо доживеа сообраќајна незгода и е во болница.
Ова е сценариото на новиот спот на дуото ДНК за песната „Горе или доле“. За новата песна, ДНК велат дека е приказна со моќен текст, а спотот ја следи приказната на текстот.
„Имаме одлична песна, и горди сме на она што го сработивме, но ќе оставиме публиката да го каже своето. Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката. Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или доле“, изјави Панчо.
Режисер на спотот е Даниел Јовески. ДНК и овој пат соработуваат со нивниот композитор и продуцент Лазар Цветкоски, автор на повеќето домашни хитови. Тој и Панчо заедно ја напишаа музиката, Панчо е автор на текстот, а Лазар на аранжманот.
Песната носи силна порака- Никогаш не возете под дејство на алкохол.