Пејачката Ана Бекута се појави во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ како русокоса, со 12 килограми помалку. Сите беа вчудовидени и воодушевени од нејзиниот изглед, нои и бојата на косата.
„Изгубив 12 килограми, четири месеци бев под режим, не поради некои здравствени проблеми, туку заради тоа што така сакав”, рече Ана Бекута кога ја пофалија за нејзината линија.
„А и косата ја бојадисав по своја волја, а не за туѓа љубов… Дали сум вљубена? Можеби! Прашајте го Милутин што прави“ – се насмеа бекута!
Бекута одговори на предизвикот кој и беше поставен во анкетата која беше посветена за неа а гласеше колку склекови може да направи познатата пејачка.
Испитаниците одговирија дека дека не може да направи ниту еден или најмногу може да направи четири склека.
Ана во тој момент стана и покажа што може да направи. Легна на подот во студиото, а Поповиќ беше судија.
Бекура среде емисијата успеа да направи 25 склекови.
Кога заврши со физичките активности, сите во студиото беа воодушевени од нејзината физичка активност и аплаудираа.