Саша Поповиќ е среќен затоа што уште една сезона на “Ѕвездите на Гранд” е успешно завршена. Тринаесеттиот циклус по ред ги надмина сите претходни – тоа беше најгледаното шоу досега.
„Размислував како ќе помине оваа година, но ова менторство се покажа како успешно и рејтингот покажа дека оваа сезона е најинтересна и најгледана. Во претходните сезони, кај жирито беше најинтересна караницата. Овој пат тоа не беше така, туку добрите и конструктивни дискусии“ – вели првиот човек на Гранд и продолжува:
„Mарија Шерифовиќ најпрвин рече таа ќе размисли дали и следната сезона ќе биде член на жирито, зошто и напорноо, но размисли и… Останува! Во петтиот или шестиот круг, се согласивме дека сите треба да останат. Нема причина да го напуштаат жирито.
„Гледате дека некои бивши членови на жирито, кои претходно биле во него, повеќе не се толку популарни и присутни во јавноста? Тие и самите го знаат тоа“ – тврди Поповиќ, па отворено открива на кого мисли:
Своевремено, така, беше со Шабан Шаулиќ. Додека беше во “Ѕвездите на Гранд”, тоа беше една приказна, но, кога отиде на оноа, другото натпреварување, тоа веќе не беше тоа. Истото се случи и со Зорица Брунцлик. Сетете се и на Аца Лукас. Многу го сакам, тој беше мојот омилен член, но сам одлучи да не биде повеќе со нас и мислам дека згреши“ – заклучува Саша Поповиќ.