Денеска се петровденски поклади- кои работи треба, а кои не треба да се прават на денешениот празник

ИЗВОРСкопје24
|

Петровденските поклади, секогаш паѓаат во последниот ден пред почеток на Петровденскиот пост.

И за овој, како и са сите останати празници, во народот има многу верувања и обичаи.

Според народните верувања, денеска задолжително би требало сите добро да се најадат, како би се подготвиле за престојниот голем пост.

Во некои краеви се верува дека оние кои ќе се огрешат од ова правило и по некој случај, не изедат нешто мрсно и сласно може да имаат несреќна година.

И додека меѓу народот се шират разни суеверија и обичаи, црквата ги отфрла сите, како и оние според кои на денешен ден не треба никако да се чешлате, бидејќи сета коса може да ви падне.

Овој пост е востановен според црковното празнување на споменот на светите првоначални Апостоли Петар и Павле кои со воздржание и молитва се подготвувале себеси за проповед на Евангелието низ светот и со својот пример ги учеле учениците во делата на спасителното служење. Траењето на постот е различно и зависи од периодот на празнување на Пасха.

Тој започнува во понеделниот на сите Светии, чија дата е подвижна, а завршува на 12 јули. Најголемо траење на периодот на Петровиот пост е шест недели, а најмалку една недела.

Според правилото, во понеделник, среда и петок се пости без масло, во вторник и четврток се пости со масло, а во сабота и недела се дозволува риба.