Тајниот рецепт на Ајнштајн за решавање на проблемите: Метод кој навистина функционира

ИЗВОРСкопје24
|

Дали сте забележале дека секогаш е полесно да се даде некому добар совет, отколку на самите себе? Една од причините за ова е и начинот на размислување и оддалеченоста од проблемот за кој се дискутира…

Еден од најгенијалните умови на сите времиња, Алберт Ајнштајн, ги поставил работите вака: „Ако имам еден час за решавање на одреден проблем, 55 минути ќе потрошам на размислување за проблемот, а 5 минути за тоа како да го решам.“ И бил во право.

Наместо безглаво да се лута во обидите да се реши проблемот, подобро е да се земе здив и добро да се разгледа проблемот. Имено, ако го разберете проблемот, многу полесно ќе го решите. Ова звучи дека е нешто што се подразбира кога имаме проблем, но ние често постапуваме сосема спротивно.

Дали сте забележале дека секогаш со леснотија давате совет на пријател, а кога станува збор за вашите проблеми заглавувате во лавиринт? Затоа, следниот пат кога ќе наидете на проблем, замислете дека тоа не е ваш проблем, туку туѓ, па потоа дадете предлог како да се реши проблемот.

Уште подобро би било кога би се обиделе проблемот да го раздвоите на помали делови и секој од тие делови да го разгледувате посебно. На пример, како би се одвивала ситуацијата доколку се постапите на еден или на друг начин. Обидете се да размислувате и за последиците кои би можеле да настанат при секој преземен чекор кој сакате да го направите, за да можете да видите дали е тоа добра одлука.

Многу е важно и тоа како си го претставувате проблемот самите на себе, односно кои зборови ги употребувате. На пример, ако сакате да престанете да пушите цигари, затоа што ви го нарушуваат здравјето, наместо постојано да си повторувате: „Ќе ги откажам цигарите“, повторувајте си сами на себе нешто во стилот: „Ќе си го продолжам животот, ќе бидам поздрава личност, ќе имам повеќе енергија..:“ Овој начин а размислување ќе ве донесе до посакуваната цел.

Уште еден добар совет е и поставувањето на проблемот во форма на прашање, затоа што човековиот мозок едноставно обожава загатки и автоматски бара одговор на истите, дури и кога не сме свесни за тоа.

Добра мотивација е и наградувањето. На пример, ако проблем ви се неколкуте килограми вишок и сакате да ги симнете, размислувајте практично и во оваа насока: „6 дена ќе внимавам на исхраната, но седмиот ќе си дадам некоја мала оддишка.“ Килограмите ќе исчезнат и покрај тоа што одвреме-навреме ќе си дозволувате некој мал „гр*в“, а ќе бидете и многу помотивирани.