Село Гари – убавина што треба да се доживее

ИЗВОРСкопје24
|

Га­ри го на­се­ли­ле хра­бри и го­сто­прим­ли­ви лу­ѓе. Се чув­ству­ва­те до­бре дој­де­ни во се­кое вре­ме. Осо­бе­но им е за­до­волс­тво да слуш­нат де­ка сте про­ше­та­ле во пла­ни­на­та, сте ги по­се­ти­ле тие интерес­ни ме­ста што се гор­дост за гар­ци.

Свеж и чист воз­дух, тем­пе­ра­ту­ра мно­гу по­ни­ска од таа во ур­ба­ни­те сре­ди­ни, жу­бор на во­да и неве­ро­јат­на ве­ге­та­ци­ја – уба­ви­на што ја ну­ди Ма­ке­до­ни­ја, а мал­ку­ми­на ја ко­ри­стат.

Ве­лат мијачки­от крај е еден од нај­у­ба­ви­те кра­и­шта во зем­ја­ва. При­чи­ни да се по­се­ти ме­сто­то во па­зу­ви­те на Би­стра и на Сто­го­во има мно­гу. Не­до­пре­на­та при­ро­да на 1.100 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на е ви­стин­ско ме­сто за од­мор, но, ка­ко што ве­лат ста­ри­те гар­ци, са­мо за тие што зна­ат да ужива­ат и ја са­ка­ат при­ро­да­та.

Га­ри жи­вее во ле­то. Во зи­ма жи­вот има во две-три ку­ќи. Но во ле­то гар­ци се вра­ќа­ат до­ма. Дел од ку­ќи­те се со­се­ма но­ви или об­но­ве­ни, во пре­поз­нат­ли­ви­от и ори­ги­на­лен охрид­ско-кру­шев­ски стил на гра­де­ње. Ре­чи­си се­ко­ја ку­ќа е пол­на и отво­ре­на за тие што ре­ши­ле да го по­се­тат се­ло­то.

Се­ло­то со око­лу 100 ку­ќи пле­ни со сво­ја­та ин­те­рес­на ар­хи­те­кту­ра, кла­ден­ци­те со сту­де­на во­да, ин­те­рес­на­та по­ста­ве­ност под па­ди­ни­те на две­те пла­ни­ни. По­ра­но ова би­ло зби­е­но се­ло, по­крив до по­крив. Де­не­ска бро­јот на ку­ќи е на­ма­лен, но пар­це­ли­те ни­кој не ги про­да­ва.

На­се­ка­де око­лу Га­ри има по­ста­ве­но клу­пи на кои мо­же да ужи­ва­те во уба­ви­от пог­лед. Над се­ло­то се на­о­ѓа крст, ка­де што на клу­пи­те че­сто ќе срет­не­те лу­ѓе што ужи­ва­ат во уба­ва­та гле­тка. До не­го се до­а­ѓа лес­но. Гар­ци рас­ка­жу­ва­ат де­ка е по­да­рок од нив­ни зем­јак.

Во па­ди­ни­те на Сто­го­во, на око­лу три ки­ло­ме­три од се­ло­то се на­о­ѓа ин­те­рес­на цр­ква „Св. Пе­тка“. Па­тот кон неа ќе ве оду­ше­ви. Го слу­ша­те жу­бо­рот на ре­ка­та, по­ми­ну­ва­те кон ин­те­рес­ни изворчиња, кои, бу­квал­но, из­ви­ра­ат од ка­ме­ња­та, зе­ле­ни­ло, ин­те­рес­на ве­ге­та­ци­ја. Са­ма­та цр­ква е сме­сте­на во зе­ле­ни­ло, до­лу под па­тот. Клу­пи за се­де­ње, чеш­ма со сту­де­на во­да, кам­ба­на­ри­ја…

По па­тот од цр­ква­та кон вр­вот на пла­ни­на­та се на­о­ѓа­ат ба­чи­ла­та. Та­му се пра­ви вкус­но­то гар­ско си­ре­ње. Ов­де мо­же да про­ба­те и леб пе­чен под сач, ка­ко и ов­чо мле­ко.

Се­ла­ни­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­но има­ло 25.000-30.000 ов­ци, се пра­вел нај­у­ба­ви­от ка­шка­вал, со ми­риз­ба што се ши­ре­ла низ це­ло­то се­ло. Ка­шка­ва­лот за­вр­шу­вал на аме­ри­кан­ски­от па­зар.

Ова е са­мо дел од тоа што мо­же да се ви­ди во Га­ри и да се слуш­не од не­го­ви­те се­ла­ни. Ве­ќе две го­ди­ни во се­ло­то по­стои ви­ла во ко­ја мо­же­те да прес­пи­е­те, да ја­де­те вкус­на тра­ди­ци­о­нал­на хра­на, да про­ба­те гар­ска па­стрм­ка. Оста­ну­ва са­мо да го по­се­ти­те се­ло­то и да ја по­чув­ству­ва­те уба­ви­на­та, ко­ја не се опи­шу­ва. И, се­ка­ко, да го пос­лу­ша­те де­до Бла­жо – оста­ве­те го лап­то­пот, до­жи­веј­те ја пла­ни­на­та.