“Пиво фест” 2019 ќе се одржи од 18 до 21 јули. Прв потврден изведувач на овогодинешниот фестивал е Саша Матиќ. Тој ќе настапи на последниог фестивалски ден – 21 јули. Популарниот српски пејач информацијата ја потврди на својот официјален Facebook профил.
Од извори блиски до организацијата дознаваме дека во моментов се преговара за настап на фолк дивата Светлана Ражнатовиќ – Цеца. Цеца претходно настапи на Пиво фест во 2010 година.
И музичката група “Тhe Hounds” на својата фан страна на Фејсбук објави дека ќе настапи на годинешното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”.
Според објавата, прилепската поп-рок група ќе настапи на третата фестивалска вечер на 20.07.
Јуни, јули, август… Настапи, милион m/31.05. Vip, Прилеп01.06. Приватна Забава03.06. Камарите, Битола06.06….
Gepostet von The Hounds am Donnerstag, 20. Juni 2019
Во градот под Марковите кули се шпекулира и за евентуална промена на локацијата на одржување. Но засега нема официјална потврда.