Двојна победа за Македонија: Ленче Куќиќ и Бејхан Рамов ја однесоа победата во „Никогаш не е доцна“

ИЗВОРСкопје24
|

По финалето на „Ѕвездите на Гранд“, сношти во студиото на Кошутњак се одржа финалето на „Никогаш не е доцна“.

Меѓу дванаесетте натпреварувачи се најдоа и Ленче Кукиќ од Струмица и ѕидарот од Прилеп, Бејхан Рамов.

Во емисијата која се емитуваше во живо, кога Бејхан запеа на сцената, Лепа Брена која беше дел од жирито не издржа да не му се придружи на сцената на македонскиот кандидат со одличен вокал.

Бејхан ја однесе победата од гласовите на публиката со вкупно, а наградата му ја додели Лепа Брена на која вети дека ќе го остави ѕидарството, која му е примарна професија.

Во финалето, настапуваше и една од омилените кандидатки Ленче Кукиќ која се претстави со песната „Лепи мој“ од Снежана Ѓуришиќ.

По самата изведба, Ацо Пејовиќ ја спореди со Адел.

Ленче однесе две победи во регионалното музичко шоу, односно победа од „Фејсбук“ гласачите и победа од гласовите на жирито, а наградата и ја додели Драгана Мирковиќ.

Во текот на целото гласање, беше неизвесно до самиот крај, но сепак двајца Македонци си заминаа со статуетка од „Гранд продукција“:

За потсетување, ова не е првпат како некој од Македонија победува во ова региоанално шоу.

Пред неколку години победи сопругот на Ленче Кукиќ, Горан Кукиќ, но и 90 годишната Добрила Ивановска Чабриќ.