Најголемата грешка што ја направил Бил Гејтс, основачот на „Microsoft“, била давањето на „Google“ прилика дан „Android“ покрене – стандардна платформа која не припаѓа на „Apple“.
Ова го признал тој самиот на настан одржан од компанијата „Village Global“.
„Во светото на софтвери, посебно кога станува збор за платформите, се наоѓаат на пазар во кој победникот зема се“, изјави Гејтс.
Тој откри дека најголемата грешка која некогаш ја направил била лошото раководство кое допринело да „Microsoft“ не биде она што е „android“.
„Беше сосем природно да „Microsoft“ победи во тоа. Постои простор за само еден оперативен систем кој не е „Apple“ и колку тој вреди? 400 милијарди кои би завршиле кај компанијата „Microsoft“ наместо во компанијата „Google“, додаде Гејтс.
Иначе „Google“ го купи „Android“ за најмалку 50 милиони долари и во 2007-ма го најави новиот мобилен систем со цел овозможување пристап до интернетот на голем број луѓе, пренесува „ Fox Business“.
Гејтс вели дека оставањето простор „Google“ да ја зграпчи таа прилика со „Android“, е една од најголемите грешки од постоењето на неговата компанија, меѓутоа тој сепак потврдува дека смета дека „Microsoft“ е доста јак.
„Ние сме водечка компанија. Да не погрешевме, сега ќе бевме најголема компанија. Но, добро тоа е тоа, заклучи тој. Гејт, е најбогатата личност на светот-веднаш после Џеф Безос, основач на „Amazon„ со вредност од 102,9 милијарди долари, според проценката на „Forbes“.