Српскиот дизајнер и стилист Саша Видиќ деновиве беше гостин во „Бекстејџ“, а во интервјуто освен што зборуваше за својата кариера, исто така прокоментира и неколку наши домашни пејачки и ги оцени нивните стајлинзи.
На тапет се најдоа Викторија Лоба, Марјана Станојковска, Сузана Гавазова, Сани Гроздановска и Елена Велевска, а еве што кажа за нив… Најлошо помина Велевска за која кажа дека под итно мора да го смени начинот на облекување, но и да намали со хируршките интервенции.
Елена Велевска негира дека е во врска со нашинец од Америка
Фолкерката Елена Велевска откако се појави во јавноста постојано ја следат разни видови на вести! Така е затоа што важи за јавна личност која нема проблем кога се пишува за неа, нејзиното мото е само да се пишува.
Изминатиов период во центарот на вниманието се најде заради дефинитивниот крај на љубовта со сопругот Марјан. Откако еднаш објави дека се разведуваат, па дека се смируваат, по се изгледа двојката реши сепак да стави точка на љубовната сага. И штом објави дека сега е навистина крај, одекна веста дека сега веќе бившиот сопруг го заменила со богат нашинец кој живее во Америка.