Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен североисточен ветер, минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени.
До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Потоа во наредните денови ќе биде претежно сончево, а од петок со умерен до засилен северен ветер.
Дождот направи поплави во Драчево: Цела населба под вода (ВИДЕО)
Обилни врнежи и грмежи беа забележани попладнево во Скопје.
Врнежите предизвикаа неред во скопската населба Драчево, каде улиците се целосно поплавени, а сообраќајот отежнат.
Врнежи во попладневните часови се најавени за цела недела.
Видеото можете да го погледнете ТУКА.