Вистинска реткост – македонски газди со награди за своите вработени

|

Нешто кое што беше пракса во поранешна Југославија, вработените секогаш беа наградувани за 5/10/15/20…/40, години стаж во фирмата во која работат месецов го направија сопствениците на НЕПТУН кон своите вработени. Ова е потег за пример кој треба да го следат сите компании. Целото соопштение ви го пренесуваме во целост:

Во месец јуни 2019 година Нептун Македонија им даде признание на своите долгогодишни вработени.

16 вработени оваа година продлавија 10 и 15 години јубилеј во Нептун Македонија. По тој повод, беше организиран свечен ручек, каде од страна на претставници на менаџментот на вработените им беа доделени плакети и подароци. Вработените кои добија јубилејни награди доаѓаат од следните позиции: Лидер на смена, раководител на продавница, заменик раководител на продавница, референт за продажба, хаусмајстор, рецепционер, регионален менаџер за малопродажба, менаџер за логистика и администратор.

Во 2018 година Нептун Македонија прослави 20 години постоење и на тој настан официјално им се заблагодари и ги награди сите вработени кои имаа достигнато стаж од 20, 15 и 10 години и оттогаш ваквите настани стануваат традиција.

Сите овие вработени покажале лојалност, чесност и помогнале компанијата да стане тоа што е денеска. Сигурно не било секогаш лесно, затоа оние кои се толкав број на години со компанијата се еден вид на “супер херои” – фраза која ние сакаме да ја користиме за нашите вработени со долг стаж.

Заклучно со оваа година, над 70 вработени се дел од Нептун Македонија 10, 15 и 20 години, што составува 18% од вкупната работна сила, на што компанијата е особено горда.

Во продолжение фотографии од настанот: