Мецосопранот Николина Јаневска и помала сестра на пејачката Андријана Јаневска, изминатиот викенд се венчаше во Италија.
Фотографиите од големиот ден ги објави Андријана, откривајќи дека нејзината сакана сестричка запловила во брачните води.
Андријана заедно со целото семејство е во Италија каде се радуваат и уживаат во среќните моменти, покрај прекрасното италијанско езеро Комо, каде наедно во еден ресторан се одржа и венчавката на нејзината сестра.
Андријана објави серија од фотографии на социјалните мрежи и ја покажа раскошната убавина како од филм. Покрај повеќето фотографии од природата и просторот каде се случи веселбата, Андријана објави и неколку фотографии од невестата која изгледа романтично и сензуално во венчаницата.
По свадбата, семејството Јаневски сега ужива во италијанскиот шарм од кој има доста да се види.