Лоба, Елена Велевска, Гавазова, Тамара и Марјана Станојковска на „мета“ кај Саша Видиќ – еве што имаше да каже дизајнерот за нашите дами

ИЗВОРСкопје24
|

Српскиот моден дизајнер Саша Видиќ без влакна на јазикот знае да ги прокоментира модните комбинации на ѕвездите од регионот. Дара Бубамара, Цеца Ражантовиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Брена, Ана Николиќ често се на мета кај Видиќ.

Меѓутоа, овој пат пред камерите на „Бекстејџ“, Саша Видиќ ги прокоментира македонските дами. Прво, започна со пејачката Викторија Лоба.

„Не ми се допаѓа горниот дел, таа е убава, но направено грешка. Таа треба да носи длабоко деколте со V пресек, а вака и е скратен вратот. Таа треба визуелно да се отвори, има убави гради“ истакна Видиќ.

На водителката Марјана Станојковска и даде чиста десетка. „Десетка, браво. Ти благодарам што ја носиш модата. Да сум некој фраер сега би те оженил. Навистина прекрасно изгледаш“ изјави Саша.

Дизајнерот го даде и својот суд и за Тамара Тодевска. „Тамара прво имаше песна, прекрасен вокал, за жал требаше да победи, но за мене таа е победник Песната ти е прекрасна, фустанот прекрасен и ти пееше една песна која што заслужува ваков изглед“.

За Сузана Гавазова имаше критики. „Извини девојко, но мораш да го промениш изгледот, инаку ќе завршиш во мојата емисија, но не на позитивен начин“ вели Видиќ.

На мета се најде и Елена Велевска, за која немаше баш позитивни критики. „Јас претпоставувам дека се има оперирано, има нова уста, нови јаболчници, филери и тоа и прави проблеми. Елена, под итно, да ја бојадисаш косата, да не го носиш ова“ изјави Видиќ.

Дали македонските кандидати ги виделе овие критики не знаеме, останува да почекаме да видиме дали некоја од нив ќе се огласи.

Вистина.мк