Ако мислевте дека вашиот мобилен телефон на површината крие колонија од опасни бактерии и микроорганизми, жал ни е да ви кажеме дека има нешто што е повалкано и од него.
Рачниот часовник на себе собира и до стотици пати повеќе микроорганизми отколку ВЦ-школката. Најмногу бактерии собираат моделите од пластика и гума, познати како часовници за вежбање, но ситуацијата не е нешто подобра ниту со моделите со пластични, кожени или метални ременчиња.
Ако веќе ни влезе во навика одвреме-наврем да го чистиме мобилниот телефон, тоа треба да го правиме и со часовниците. Водоотпорните лесно може да се исчистат со вода и благ детергент, додека за неводоотпорните модели треба да бидете повнимателни и да побарате упатство за нивно одржување.
Потребни ви се само две состојки – испрскајте по ѕидовите и веќе никогаш нема да се појави мувла
Ако сте во потрага по решение за вашиот проблем со мувлата – денес е вашиот среќен ден!
Ова е еден едноставен метод за кој ви се потребни само две состојки, а кој ќе ви помогне да ја отстраните опасната мувла и непријатната миризба од машината за перење, од аглите во бањата и било кое друго место каде таа се појавува.
Постапка:
Измешајте 2 лажички масло од чајно дрво со две чаши вода. Течноста складирајте ја во шише со распрскувач.
Потоа можете да ја користите оваа смеса и да ги испрскате сите зафатени области.
Оставете смесата да делува, а потоа избришете. Навистина функционира!
Влага и мувла во домот, се најголем кошмар на секое семејство, но постојат природни и лесни начини да се спасите од нив, еве уште неколку од нив:
Алкохолен оцет
Ставете во шишенце и попрскајте на зафатената област и оставете да отстои. За да не ви мириса оветот може да ставите и неколку капки етерично масло или лимон.
Сода бикарбона
Таа сама по себе е одлична за чистење, помешајте со вода или оцет и со крпа исчистете ја мувлата.
Семки од грејпфрут
Во 450 мл вода додадете 20 капки масло од семки од грејпфрут, промешајте и испрскате. Нека отстои, нема потреба од пребришување со крпа.