Доколку оваа година летувате во Грција тогаш треба да знаете дека ќе мора да ги почитувате сообраќајните правила затоа што една казна може да биде доволна за да ви го упропасти летувањето.
Според зборовите на Александар Сеничиќ, директорот на Јуте, грчкиот закон за безбедност во сообраќајот е сменет и се однесува на целата земја. Меѓутоа во Северна Грција спроведувањето на новите закони е малку специфичнио.
„За еден дел од прекршокот се вадат табличките поради што може да дојдете до ситуација да добиете казна за плаќање, а табличките да ви ги нема. Тоа може на пример да ви се случи во петок, а тие не работат до понеделник и тогаш имате проблем затоа што нема да може да тргнете накај дома, доколку сакате да се вратите. Такви работи многу пати се случувале“.
Добрата вест е тоа што казните не се многу високи и се движат од 25 до 80 евра. Сепак работите кои што многу од шоферите ги прават во текот на возењето, оваа година ќе бидат казнувани.
„Воведоа казни за зборување на телефон во текот на возењето, неврзани појаси и голема брзина. Тоа што е примарна вест е забрана за возење во влечки и боси“.
Тоа што е специфично горе на северот е дека нема многу полициски станици и дека нема такви контроли многу. Но, подобро да делувате и да се држите до сообраќајните правила.