Подгответе се: Попладнево не очекува невреме со пороен дожд и грмежи

ИЗВОРСкопје24
|

Времето попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува североисточен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени, а УВ индексот 7.

Во Скопје во попладневниот дел најавуваат нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално со услови за појава на град. Температутрата ќе се движи до 31 степен.

Од УХМР најавуваат дека и утре во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Потоа следува период на стабилно време и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.