Младата пејачка Антониа Гиговска пред огледалото на Женски Магазин откри како ја одржува својата линија.
– Љубител сум на храна, можеби и затоа ми оди потешко. Но, со тренинзи се обидувам да ја одржувам линијата. И секако со пешачење- беше искрена Гиговска, која во моментов е една од најкоментираните девојки на Балканов.
Таа во петокот во музичкото натпреварување „Пинкове ѕвездице“ го имаше својот финален настап, кој и овозможи влез во супер финалето. За ова претставување, Антониа Гиговска ја одбра песна од нашиот Тоше Проески.
„Тајно моја“ ечеше во студиото во Белград. Антониа овој пат се одлучи за настап без придружба на сцена. Сама застана среде сцена и испеа најдобро до сега! Публиката за време на целиот настап ја поздравуваше со аплауз, а жирито не ги штедеше пофалните зборови на сметка на Антониа.
Инаку, таа изминатиот викенд се забавуваше на свадбата на нејзиниот брат Дарко и во стилизирани комбинации блеснаа заедно со нејзиното момче пејачот Иван Јованов.