Нашата кошаркарска гордост, претседателот на КФМ Перо Антиќ и новинарката Ружица се отследија на социјалната мрежа Инстаграм. Околу една недела Ружица веќе не е Антиќ на Инстаграм, туку го носи моминското презиме Максимовска.
Последната фотографија која Ружица ја поставила на оваа социјална мрежа од нејзинот сопруг е во февруари кога Перо доби „Златна Бубамара“. Додека кај Антиќ заедничка фотографија на Инстаграм може да се види дека е објавена во 2015 година.
Но не треба да се занемари и фактот дека Антиќ ретко објавува фотографии на социјалните мрежи. Сепак од извори на „Република“, разводот меѓу првата дама на кошарката во Македонија и Антиќ е веќе официјализиран. Ружица и Перо се во брак повеќе од една деценија и имаат три дечиња.
Иаку Перо е грижлив татко и веруваме дека и покрај разводот тие ќе бидат тука за нивните дечиња. Тој пред некое време на својот Инстаграм профил објави преслатко видео на кое заедно со неговото синче играат на добро познатиот хит, Гангам стајл.
Видеото погледнете го ТУКА.