Продолжуваат препукувањата помеѓу ДНК и Слаткаристика. Откако пред неколку месеци Марко Маринковиќ во „Ексклузив“ упати многу критики кон Панчо, за начинот на работа, парите кои ги заработува, но и како ги заработува, сега во истата емисија и Панчо имаше што да каже.
“Слаткар се закачнал со погрешен човек, јас сум израснат на улица, иако тој глуми дека е уличар, а живее на Водно“, рече Панчо.
Претходно и Слаткар „удри“ по Панчо откако ДНК изјавија дека прегледите на нивните видеа на Јутјуб се лажни.
-Дијамант(И) не направија популарни. Голема благодарност до нашата вечна инспирација и идол Марче Слаткаристика што ни помогна да стасаме до 200.000 ( ОРГАНСКИ ) прегледи, вака гласеа зборовите на Панчо.
На ова Слаткар реагираше навистина бурно, па дури употреби и погрдни зборови! Во продолжение погледнете за што станува збор: