Тие едноставно уживаат во врската. Љубомората може дури и најубавата врска да ја претвори во пекол, но поголемиот дел од луѓето едноставно не можат да си помогнат. Сепак, кога станува збор за љубомората, најмногу среќа имаат партнерите на жените родени во овие три хороскопски знаци.
Овен
За жените Овни љубомората е знак на несигурност, а тие одбиваат да бидат несигурни. Жените во овој знак постојано работат на себе, секојдневно растејќи и развивајќи се, па воопшто не сакаат ни да мислат на нешто толку банално како љубомора.
Стрелец
За овие жени со слободен дух, чудно е да бидат во врска. Но, кога тие ќе се решат на тој чекор – целосно се препуштаат. Тие исто така живеат во моментот, а љубомората би ги извлекла од таму па затоа и воопшто не е опција за нив.
Водолија
Жените во овој хороскопски знак би се чувствувале многу лошо ако некој го следи секој нивен чекор во и надвор од врската, па затоа и ја почитуваат туѓата слобода. Независни се и фокусирани на себе, па љубомората не е нешто што им доаѓа природно.