Младата Парагвајка Ана Паула Кеспедес веројатно е најубавиот пилот на светот. И не станува збор за субјективен став, туку таа тоа и го докажала – прогласена е за мис во својата земја, минатата година.
Ана има само 21 година доаѓа од Асунсион – главниот град на Парагвај.
Со години се натпреварува на разни избори за мис, а минатата година е наградена со ласкавата титула.
Иако ги остварила своите соништа кога станува збор за модата, Ана сепак имала уште еден сон – да лета. И тој ѝ се исполнил.
Станала пилот, како својот татко, од кој ја наследила љубовта кон висините.