Плакарт организираше европски натпревар на студенти кој преку графички дизајн требаше да го дадат своето мислење и суд во однос на темата, „Вклучи, не исклучувај!”. Пристигнаа апликации од целиот европски континент, а селекцијата беше спроведена од страна на стручно жири во состав проф. Стефан Бунди (ШВА), Костадин Танчев – Динка (МКД), претставник на Швајцарската амбасада и проф. Лазе Трипков – претседател на Плакарт.
Избраните 8 учесници на работилниците од Полска, Португалија, Русија, Србија, Турција и од земјава под менторство на легендата на швајцарскиот дизајн и македонскиот професор 7 дена ќе творат во с. Брајчино. Како дел од еднонеделната програма ќе посетуваат институции кои работат со лица со попреченост, лица коишто се лекуваат од зависности и други социјално исклучени групи на граѓани , што би придонело во креативниот процес за создавање на инспиративни силни пораки, плакати, кои ќе имаат цел да ја поттикнат пошироката јавност да го прифатат вклучувањето како дел од современите текови на живеење и основа за создавање на посилно општество.
Социјалната инклузија е од особена важност за Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија. Во текот на следните месеци, постерите од натпреварот ќе бидат промовирани во рамките на неколку други активности во областа на социјалната инклузија, поддржани од амбасадата.
Иако Северна Македонија неодамна воведе инклузивно образование,
поразителната статистика објавена од страна на Министерството за труд и социјална политика говори дека повеќе од половина од овие лица се со основно образование или пак воопшто не се здобиле со образование.
Она што е уште поважно е не само формалното, туку и суштинското вклучување на луѓето со попречености, што ќе придонесе кон постигнување придобивки за сите учесници во општеството.
– Во Преспа ќе креираме решенија за да ја освестиме јавноста, институциите, установите во она што треба да е стандардно делување во 21от век. Го користиме нашето најголемо „оружје“ – дизајнот за да креираме плакати, кои јасно, гласно, моќно ќе говорат во серијата на изложби низ државата дека сме многу далеку од остварување на соодветна инклузија. Токму од Преспа ќе испратиме порака за почитување на основните човекови права како партиципативност, еднаквост, пристапност и почитување на правата и индентификувањето на лицата, а пред се на децата со попреченост – изјави Лазе Трипков, претседател на Плакарт.