„Тука се случија нешта кои ми го сменија животот“: Даниел Кајмакоски се врати на местото од каде ќе чува спомени засекогаш! (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски не мирува. Пејачот постојано менува локации во регионот, каде е посветен на кариерата, но делува и на обновување на пријателствата кои ги создаде пред неколку години.

Откако се разведе, Даниел максимално е предан на кариерата и музиката, но и на јакнење на својот ментален дух, хранејќи го со енергија од средината и луѓето кои внимателно ги избира.

Имено, Кајмакоски деновиве замина за Будва, а оттаму за своите следбеници и обожаватели, на Инстаграм објави фотографија на која седи покрај море на плажа, а фотографијата ја опиша доста емотивно.

-Прекрасни нешта се случија тука, нешта кои го сменија мојот живот… Сите тие спомени продолжувам да ги резонирам во мојата глава секој пат кога се враќам. Затоа го сакам ова место… Будва! – пишува Даниел во објавата.

За потсетување, пред пет години, одосно во месец март 2014 година, Даниел Кајмакоски победи во регионалното талент-шоу „Икс- Фактор“, а веднаш по победата учесниците на шоуто ја започнаа турнејата токму од овој црногорски град.

Дека таму се случувале многу убави нешта кои ќе се паметат засекогаш, Даниел потврди токму со оваа објава и она што повторно се врати да ги освежи убавите моменти и секако, да создаде нови.

Извор: Вистина.мк