Се слави за новиот Лазиќ: Еве колку илјади евра Дарко фрли само на музиката

ИЗВОРСкопје24
|

Утрото неговата вереница Марина Гагиќ се породи, а вечерта Дарко Лазиќ го прослави раѓањето на синот и не ги жалеше парите. Тој прослави со семејството и пријателите, а покрај тоа што и самиот го фати микрофонот, постојано нарачуваше и песни од своите колеги.

Беше највесел, што е нормално. Не го пушти микрофонот од рака, а за секоја песна на колегите им даваше по 50, 100, 200 евра…Потроши над 10 илјади евра, изјавил извор за српски „Курир“.

Тоа утро пејачот напиша „Драго наше семејство, наши кумови, наши пријатели, наши познаници, денес во 07:15 нашиот мал ангел Алексеј дојде на овој свет. Затоа сакаме да ја споделиме оваа весела вест со вас, голем поздрав“ – напиша Дарко Лазиќ на својот Инстаграм профил, покрај кој го постираше цртежот со мечето и името на новороденчето.