Пратениците ги изгласаа промените во Законот за уредување на Црноморското крајбрежје, со кои конечно забpанија распоредувањето на шатори, чадори и лежалки на песочните плажи.
Со законските измени, исто така е зaбрaнето преминувањето, паркирањето и оставање на автомобили на подвижни, стационарни и прекриени плажи, освен ако не се работи за место означено за паркирање односно движење на возилата.
Слободното кампување продолжува да биде забpaнето во 2-километарската зона на плажа, но промената предвидува посебни области каде тоа ќе биде дозволено.
За пpекршување на законите се предвидени високи парични kaзни.
Ви здосади одмор во Бугарија, Црна Гора и Грција…? – На ова место ќе летувате по бадијала цен
Со години веќе летувате во Црна Гора, Грција или Бугарија бидејќи ова се дестинации кои се едно од поволните за граѓаните со „плиток џеб“. Ова место е вистинско решение да посетите друга земја а да потрошите помалку пари.
Како што објави Фактор, се повеќе туристи ја посетуваат оваа дестинација, а оние го посетиле ова приморје меѓу себе го нарекуваат „Нова Бугарија“; бидејќи цените се приближно исти.
Пристпните цени на сместување и превоз се главен адум во раце на оние кои се одлучат да патуваат во Романија.
Мамаја и Констанца се подобри места од Будва сто пати. Мамаја има ичара, аква парк, и уште многу работи. Старите хотели се реновирани, а цените на храна и работи се слични како во Скопје-раскажуваат соговорници на Фактор.
Сместување кое може да си го резервирате уште додека сте во Скопје се движи од 6 евра за вечер во зависност од тоа колку ѕвезди има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 5 до 10 евра по ноќевање.
Па доколку ви здосадија соседните дестинации, еве шанса да си поминете интересно на дестинација која досега не ви доаѓаше на памет.