Фотографијата од Скопје која предизвика реакции на интернет: Не може да оди, ама на црвено на пешачки лета

ИЗВОРСкопје24
|

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа возрасно лице како поминува на пешачки, на црвен семафор за пешаците.

Фотографијата е објавена со наслов „Не може да оди ама на црвено на пешачки лета. После младите биле без култура“ и истата предизвика бурни реакции кај членовите на групата „Ѕид на сообраќен срам“.

Дел од нив сметаа дека ваквите учесници ја загрозуваат безбедност на сообраќајот и се причина за сообраќајни незгоди во кои најчесто возачите излегуваат виновни, а дел сметаат дека за повозрасни лица треба да има исклучок, бидејќи тие се изнемоштени и не се во состојба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е јасен и не прави исклучок врз основа на возраста на учесникот во сообраќајот.

За овој премин во општина Аеродром е општо познато дека не се почитуваат знаците и прописите во сообраќајот.