Само капнете и готово – спас за домаќинките, лесен начин да гo исчистите шпоретот

ИЗВОРСкопје24
|

За да имате идеално чист шпорет, ви требаат неколку работи кои дома сите ги имате: памучна крпа, стара четка за заби и алкохол.

Ставете малку алкохол на крпата, па поминете по шпоретот, околу ринглите и рерната, па нека стои вака малку, а потоа истријте со четка за заби и повторно пребришете со крпа.

Алкохолот ќе ја растопи маснотијата. Може да се повтори постапката ако дамките и несчистотијата се многу закоравени.

Супер трик: Никогаш веќе нема да се двоумите дали сте го исклучиле шпоретот или пеглата

Ако сте од оние луѓе кои не можат да престанат да се грижат за тоа дали го исклучиле шпоретот или пеглата откако излегле од дома, време е да престанете да се измачувате- решението е поедноставно отколку што мислите.

Иако денес постојат различни мобилни апликации, оптимизации и автоматизации, решението за расеаноста се состои од само еден клик.

Пред да излезете од дома или пред да одите на патување, земете го телефонот и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги исклучиле. Убаво и јасно нека се гледаат бројките за да нема забуни.

Сосема е нормално да се појават двоумења бидејќи пред да излеземе од дома секогаш сме во некаков хаос или нешто бараме.

Оние кои го пробале овој трик тврдат дека откако почнале со оваа рутина се чувствуваат посигурно и полесно.