Ист како тато: Џон Бон Џови заедно со семејството летува на Корчула, но вистинска атракција е неговиот згоден син (фото)

ИЗВОРСкопје24
|

Не е тајна дека по хрватското крајбрежје полудеа и светските ѕвезди, а најновиот славен посетител е американскиот рокер Џон Бон Џови, кој е фотографиран додека се качува на јахта со сопругата и синот.

Светски популарната музичка ѕвезда заедно со своето семејство летува на островот Корчула.

57-годишниот музичар со својата сопруга Доротеа е во брак од 1989-та година, а заедно имаат три сина и една ќерка.

Нивниот син Џејкоб, е копија на својот познат татко. Ако се споредат неговите фотографии со оние од младоста на Бон Џови, разликите се доста мали.

Фотографиите кои ги објави Џејкоб на својот профил на Инстаграм се направени од неговиот татко, кој го потпиша во описот.

Ова не е првпат Џови да е во посета на Хрватска. Имено, пејачот со семејството го поминал одморот во Дубровник уште во 2011-та година, а изгледа дека толку многу му се допаднало што одлучил повторно да ги обнови спомените.