Славчо Попоски: Разорно невреме во следните часови ќе го зафати регионот

ИЗВОРСкопје24
|

За време на претстојната ноќ северозападните и северните предели од Балканот ќе бидат зафатени од изразено нестабилна и влажна воздушна маса и тоа поради судир на две воздушни маси (топлата од југ и значително посвежата од север).

Словенија, Босна и Херцеговина како и Србија во следните часови и тоа особено доцна навечер ќе ги зафати СИЛНО НЕВРЕМЕ на повеќе места проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови опасност од локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град и тоа од поголема величина (покрупен).

Македонските државјани но и оние кој од Македонија кој во следните часови ќе патуваат кон споменатите држави од соседството во пресрет на силното и олујно невреме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде се движат.

НАПОМЕНА: МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗЛИКА ОД РЕГИОНОТ ЌЕ ПОМИНЕ ДАЛЕКУ ПОДОБРО И НЕМА ОПСАНСОСТ ОД РАЗОРНО НЕВРЕМЕ.

Подготви: Славчо Попоски за 1 тв.