Десетина лица, меѓу кои и поранешниот министер за трансорт Миле Јанакиески утрово се приведени во акција на оддделот за организиран криминал при МВР и Обвинителството за организиран криминал.
Станува збор за истрага за оттуѓување, односно продажба на државно земјиште, по несоодветна постапка, со што буџетот е оштетен за над 2,5 милиони евра.
Меѓу уапсените, покрај државните службеници од транспорт, вработени во катастар и нотари, има и еден сопственик на фирма, како и државен правобранител со надлежност за град Скопје. Откриените нелегалности се однесуваат на три парцели за хотелски комплекс покрај Вардар од другата страна на градскиот парк во Скопје. Проневера е извршена и со парцелата на која требаше да се градат шпанските скали во центарот на Скопје. Еден осомничен досега не е најден и прииведен, а останатите во моментов се во суд.