Пред 12 години Слаѓана Ѓорѓевиќ, позната како Буцка, се пријави на „Ѕвездите на Гранд“. Симпатичната девојка стигнала до финале, но по завршување на натпреварот, на големо изненадување на многумина, ја прекинала соработката со продукцијата на Саша Поповиќ.
Последните неколку години таа беше повлечена од јавната сцена, но и понатаму се занимаваше со пеење, а минатата година ги извести своите фанови дека ослабела 35 килограми.
Сега се пофали со диплома од една школа за нега и убавина, па се чини дека планира сериозно да се посвети на таа професија.
Погледнете како изгледа Буцка денес: