Македонија ќе биде вистински пекол: УХМР со најнова прогноза

ИЗВОРСкопје24
|

Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30 степени. Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за во среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени.

Времето за викендов ќе биде сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе благ пад на температурите. Во недела максималната температура ќе се искачи до 33 степени, но она што не очекува од понеделник е вистински пекол во Македонија.

Метеролозите предупредија: Пеколно лето, но и опасни бури

Во поголемиот дел од Европа ова лето се очекуваат големи топлотни бранови, додека Југоисточна Европа и Балканот се очекуваат силни бури. Ова го објави метеоролошкиот сервис Акју ведер, во својата голема прогноза за летото што доаѓа за Стариот Континент.

– Долгорочните периоди на суша на земјоделците ќе им предизвикаат проблеми, а сушно време се очекува низ континентот – пишува Акју ведер во својата прогноза.

Додека поголемиот дел на Европа ќе биде под удар на сушно време и опасни топлотни бранови, на поголемиот дел од Балкан му се закануваат чести бури со силни грмежи.

Ова особено важи за подрачјето на Далмација, но и во јужните делови на континентална Хрватска, пренесува Индекс.хр.

– Иако делови од Балканот нема да бидат имуни на топлинските бранови, екстремните жештини ќе бидат ограничени – пишува Акју ведер. Опасни бури му се закануваат на подрачјето од Грција до Србија, Романија и Бугарија, но и на делови на Јадранот.

– Овие бури ќе донесат голем број молњи, поплави предизвикани од поројни дождови, како и оркански ветрови и град – предупредуваат метеоролозите и додаваат дека најсилните бури би можеле да доведат и до создавање торнада.

Вакви силни бурни најмногу се очекуваат во попладневните и вечерните часови.

– Најголема опасност ќе донесат орканските ветрови, градот и поројните поплави – се заклучува во прогнозата за Балкан.

Летото во Европа ќе го одбележат и долготрајни топлотни бранови кои ќе го зафатат подрачјето од Португалија и Шпанија па сè до Полска и Унгарија. Жештините ќе почнат уште во јуни во Шпанија и Португалија, а подоцна ќе се шират кон северниот и источниот дел на континентот.