Амал и Џорџ Клуни се сопственици на имот на Езерото Комо, но често патуваат низ цела Италија.
Славниот пар деновиве ужива во Венеција, а папараците не пропуштија да го документираат нивното присуство во шармантниот град.
41-годишната адвокатка беше облечена во бел фустан и носеше црн шешир додека со 58-годишниот актер се упатуваше кон водно такси.
Џорџ со години важи за еден од најголемите заводници во светот, но неговата сопруга Амал го засенува каде и да се појават.