НАСА тргнува со освојување на сателитот на Сатурн: Мисијата би можела да открие како настанал животот на Земјата

ИЗВОРСкопје24
|

Американската вселенска агенција НАСА наскоро ќе прати беспилотно летало “Dragonfly” на мисија за истражување на најголемиот сателит на Сатурн, Титан.

Целта на оваа мисија е истражување на повеќе локации погодни за живот.

Од НАСА велат дека двојниот квадкоптер ќе лета од локација на локација преку Титан, сателит со услови кои се слични на оние на Земјата пред четири милијарди години.

Доколку мисијата биде успешна, би можела да помогне во откривање на тоа како настанал животот на нашата планета. Ваквите откритија може да понудат вредни увиди во потрагата по живот на вселената.

Научниците неодамна сметале дека сателитот Титан е атрактивно место за проучување. Многумина мислат дека тој би можел да поддржува живот на микроорганизми.

На пејсажот на Титан доминираат песочни дини и водени патишта составени од јаглеводород, течен метан и етан. Неговата површина е составена од воден мраз, замрзнат како тврда карпа. Под кората се крие резервоар со течна вода за која астрофизичарите сметаат дека ја има истата температура како и водата во Тихиот океан.

Титан органски се состои од комплексни молекули кои може да бидат, во најмала рака, доказ за вонземната биологија. Поради тоа Титан одамна е предмет на фасцинација кај астрофизичарите.