Мајка на ученик ќе ви раскаже што се случило за време на давањето на свидетелствата во едно скопско средно училиште

ИЗВОРСкопје24
|

Наместо да ви ја прераскажуваме, приказната ви ја пренесуваме во целост, заедно со фотографијата од свидетелството на детето.

„МАЛА“ МАКЕДОНСКА ДРАМА НА ГОЛЕМИТЕ МАЛИ ЛУЃЕ

Вчера во една од најдобрите скопски гимназии, класните раководители ги повикале своите ученици за да им ги покажат сведителствата. Ќе ви ја опишам малата драма која се одвивала во еден клас од гимназијата. Биле дојдени повеќе од половина од учениците кои сè уште не заминале на одмор, а најголем дел од нив биле одлични. Тинејџерите, кои биле пофалени од класниот раководител за постигнатиот успех, се чувствувале пресреќни поради заслужените петки во сведителствата како награда за трудот и напорното учење во текот на годината за совладување на захтевниот материјал по сите предмети. Веќе почнале да паѓаат договори каде присутните од класот да се почестат и да се подружат по класниот час, пред да се разделат за распустот. Меѓутоа, кога првичниот ударен впечаток од петките стивнал, и кога децата го прочитале напишаното покрај името на секој ученик, состојба којашто впрочем и ја очекувале, но кога истата се пресликала во писмена форма како некаков неприроден израсток меѓу петките во нивните сведителства, нешто ги жегнало тинејџерчињата во срцата и им го поматило чувството на среќа. Не им било право на учениците кога на три места во сведителствата виделе како некоја си „Р. Северна Македонија“ фигурира како нивна татковина, и „македонско /граѓанин на Р. Северна Македонија“ стои како нивно државјанство. Исчезнала среќата од тинејџерските лица и учениците постапиле токму онака како што секое дете на светот би постапило, со сета детска искреност и со чисто срце. Без никаков претходен договор, сосем спонтано, кога ги добиле пријавите за упис во следната година, СИТЕ ДЕЦА, ДО ПОСЛЕДНОТО, напишале „МАКЕДОНИЈА“, како своја татковина и „МАКЕДОНЕЦ/МАКЕДОНКА, како нивна националност. Ова, исто така сосем спонтано, било проследено со насмевка на одобрување и вербално охрабрување од класниот раководител кој им се обратил на учениците со зборовите: „БРАВО ДЕЦА, ТАКА ТРЕБА!“

Е драги мои, потоа нека ми каже некој дека нашата влада, Европа, па нека е и целата меѓународна заедница, не спроведуваат идентитетски геноцид врз Македонците. Спроведуваат, и те како спроведуваат, а жртви на таквиот геноцид се искрените детски души. Не треба да се биде пророк за да се заклучи дека ЕДЕН ДЕН ИДЕЈНИТЕ ТВОРЦИ НА ОВОЈ ГЕНОЦИД ЌЕ ОДГОВАРААТ, А ОСТАНАТИТЕ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВААТ ЗА ПОВТОРНО ВРШЕЊЕ, ОВОЈ ПАТ, НА ИДЕНТИТЕТСКИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО 21-от ВЕК, КАКО ШТО ДЕНЕС ГЕРМАНИЈА СЕ ИЗВИНУВА ЗА НАЦИСТИЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ШТО ГИ ИМА ИЗВРШЕНО ВРЗ ЧОВЕШТВОТО ВО ТЕКОТ НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА. Тоа е така, затоа што жртви на македонскиот идентитетски геноцид најпрво се повторно најранливите, македонските деца, но за среќа во децата е и надежта за подобро утро БИДЕЈЌИ ТИЕ СЕ СВЕСНИ, ЈА ЧУВСТВУВААТ НЕПРАВДАТА И ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ СЕКОЈ ОБЛИК НА ВЕШТАЧКАТА НЕПРИРОДНА „С“ ТВОРБА, БИДЕТЕ СИГУРНИ ВО ТОА. ЌЕ ЗАВРШАМ СО ЕДНА КИНЕСКА ПОГОВОРКА „СРЦЕТО НА ДЕТЕТО Е КАКО СРЦЕТО НА БОГА.“