Ако одите на одмор во Грција, треба да внимавате каква храна ќе понесете, бидејќи грчките цариници нема да ви прогледаат низ прсти ако најдат во возилото месо и млечни производи.
Може да си понесете до два килограми млеко во прав за бебиња, и друга бебешка храна и храна за посебни диети.
Дозволено е и 2 килограми храна за миленичиња.
Смеете да внесете до 5 килограми овошје и зеленчук, но само 40 цигари, односно две кутии.
И во Бугарија не можете да одите на патлиџан-туризам.
Во Бугарија смеете да понесете литар жесток алкохол, но со максимум 22 отсто алкохол, 4 литри вино или 16 пива. Можете да внесете 200 цигари, односно една штека.
Од храна, смеете да понесете два килограми храна за деца, 2 килограми риба, но воопшто месо и млеко и млечни производи.
Нема ограничувања за леб, чоколадо, слатки, маслинки, но затоа не претерувајте со компирите, зеленчукот и овошјето – дозволено е само 2 килограми.