Сергеј Пајиќ е младиот талент кој ја победи Антониа Гиговска која беше единствената учесничка од Македонија во суперфиналето на регионалниот музички натпревар „Пинк ѕвездички –all stars“.
Иако за време на изминатите неколку месеци сите веруваа дека Антониа ќе и ја донесе победната на Македонија како учесничка која најмногу отскокнува со својата вокална изведба, сепак, крајот не се покажа како таков.
Овој пат за најдобриот одлучуваа гласовите од публиката, а не од жирито, кое имаше како и секогаш само ласкави пофалби за Антониа по настапот на оваа главна и возбудлива вечер.
По прогласувањето на победникот и враќањето дома, Антониа со право се почувствува како морална победничка, па по натправарот на својот Инстаграм напиша:
„Луѓе победнивме! Фала ви на сите што гласавте за мене“- пишува Антониа.
Досега според некое непишано правило, речиси секогаш поголема популарност и успех постигнуваат оние кои најмногу се истакнале за време на ваквите шоуа, отколку оние што го освоиле првото место.
За Гиговска популарноста е гарантирана на домашен терен, а не се сомневаме дека тоа за многу брзо време ќе биде случај и во регионот.