Битолчани излегоа на нивната парада на гордоста (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Вчера од паркот „Жена борец“ во Скопје почна првата Парадата на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе.

На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Споротивно на тоа пак, денеска во Битола се случи парадата која беше најавена на социјаните мрежи како нивна Парада на гордоста.

Битолчани се собраа кај Саат кулата, а потоа се движеа низ Широк сокак до Градскиот парк. Учесниците рекоа дека ова е парада со која сакаат да ја пратат порака за традиционалните семејните вредности.

Мајки и татковци со своите деца беа дел од оваа парада, а во неа имаше и свештени лица.